Macedonia 26 June: Tetovo - Kriva Palanka
At 8.30 part of our team started running from Tetovo towards the capital, Skopje, where the rest of our team were waiting. We ran through the city together in a blazing heatwave, flags held high, for about 15k!
Во 8.30 часот нашиот тим почна да трча од Тетово кон главниот град, Скопје, каде не чекаше останатиот дел од тимот. Низ градот трчавме сите заедно во многу топло време со високо кренати знамиња околу 15 километри!
It was tough, to say the least. However, many people cheered us on and gave us renewed strength and enthusiasm with their appreciative smiles. One could clearly see that our Macedonian runners were so happy and proud to carry the torch through their city. Under such conditions you can easily transcend your limits!
Беше напорно. Сепак многу луѓе не отпоздравуваа и ни даваа нова сила и ентузијазам со своите насмевки. Можевме да видиме како македонските тркачи беа среќни и горди што го носат факелот низ нивниот град. Во такви услови лесно може да се надминат сопствените ограничувања!
We then made our way towards Kriva Palanka, over a distance of nearly a 100k, through wide gentle waves of hilly fields, sprinkled with dark-green islands of solitary trees. The running conditions ranged from very hot wind-still moments to more agreeable ones with strong winds. In Rankovce, a little village before Kriva Palanka, some cheery local children ran with us.
Потоа продолживме кон Крива Паланка трчајќи 100 километри до тој момент тој ден, а од страна на патот имаше убави полјани со темно зелени дрвја. Условите за трчање се менуваа - од време на време беше многу топло и без ветер, а потоа ќе дувнеше силен ветер и веќе не беше толку топло. Во Ранковце, едно мало село покрај Крива Паланка ни се приклучија едни весели деца.
After the day’s running we returned to Skopje, the birth town of Mother Teresa. There a World Harmony Run concert had been organised dedicated to her. It was set up near to her stately and beautiful bronze statue, which was inaugurated in 1999
По цел ден изминат во трчање се вративме во Скопје, родниот град на Мајка Тереза. Тука беше организиран концерт посветен на нејзе. Бината беше поставена покрај нејзината бронзена статуа поставена таму во 1999 година.
It was a very special event. Five letters were read out, appreciating the World Harmony Run, and its founder Sri Chinmoy, who was also a close friend of Mother Teresa. The letters were from the Current President of Macedonia, the former President of Macedonia, the former president’s widow, the Macedonian Olympic Committee and from the Mayor of Skopje. They spoke very highly indeed about the ideals and aims of the run, and about the inspiring and self-giving life of the founder Sri Chinmoy. The event was hosted by a multitude of Macedonian stars. Pop singers, opera singers, a string orchestra and a Macedonian Monistra group all contributed with their powerful performances. The spectacle ended with a specially written arrangement for voice and orchestra of the World Harmony Run song.
Тоа беше многу посебен момент. Беа прочитани пет писма во поздрав на Трката за Светска Хармонија и нејзиониот основач, Шри Чинмој кој исто така беше и добар пријател со Мајка Тереза. Писмата беа од сегашниот Претседател на Македонија, поранешниот Претседател на Македонија и неговата сопруга, од Македонскиот Олимписки Комитет и од Градоначалникот на Скопје. Тие зборуваа убаво за идеалите и целите на трката и за инспирачкиот и самодавачкиот живот на Шри Чинмој. На таа манифестација имаше неколку македонски музички ѕвезди: поп и опера пејачи, групата Монистра - сите допринесоа за моќна изведба на песната на Трката за Светска Хармонија која беше специјално аранжирана за пеење и оркестар.
After the ceremony we were invited to sign the guestbook in the Mother Teresa Museum. It was a very moving and soulful place, imbued with the light and compassion of the self-giving mother.
По церемонијата бевме поканети да се потпишеме на книгата за потписи во Музејот на Мајка Тереза. Тоа беше многу убаво и мирно место исполнето со светлина и сомилост на самодавачката мајка.
Distance: 137km
Harmonemail:
You can send a message to the runners or read the messages.
< Macedonia 25 June |
Bulgaria 27 June > |
Upphafsathöfn |